Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Лични документи ќе можат да се подигнат и утре, во сите отсеци за управни работи на МВР

Охрид, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, среда, 8-ми мај 2024 година, Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 8-ми мај 2024 година ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08:00 до 19:00 часот.

Од МВР ги известуваат граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3-ти мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука