ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претреси во домовите на две лица од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија, поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Охрид, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти мај 2024 година, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24-ти април 2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај две лица од Охрид, на возраст од 51 и 44 години, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

– При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација. Со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ „злоупотреба на лични податоци“ и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука