Скопје, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Првите податоци на Државната изборна комисија за излезноста на вториот круг од претседателските и парламентарните избори покажуваат дека повеќемина граѓани во општините каде мнозинство е албанското население земаат по едно ливче. А тоа најчесто е гласачкото ливче за парламентарните избори. Дури и партиски функционери отвореном велат дека гласале само за нов собраниски состав.
Во вториот круг од претседателските избори не влезе ниту еден од кандидатите на партиите на Албанците во Македонија, Бујар Османи на ДУИ и Арбен Таравари на коалицијата Вреди. Во текот на изборниот ден висок функционер на албанскиот партнер од владината коалиција на социјалните мрежи објави видео од кое се гледа дека тој и сопругата зема само едно ливче. Веднаш потоа следуваше изјавата – нема да гласам за кандидат кој е против УЧК, кој дава изјави со кои се конфронтиаме со Бугарија, со ЕУ, САД… – јави порталот мкд.мк.
Ова веќе се толкува како отворен повик на овој функционер за бојкот на претседателските избори.
Еве што покажуваат резултатите на ДИК за излезноста до 13:00 часот на претседателските и на парламентарните избори: Гостивар 11,9% на претседателските, 17,2% на парламентарните, Тетово 14,8% и 24,6%, Струга 11,8% и 17,6%, Чаир 12,9% на претседателските и 20,7% на парламентарните… Или, Липково со само 3,28 отсто излезност за претседателските избори.
За избор на претседател во вториот круг неопходна е излезноста од 40%, или од 725.727 гласачи за победа се потребни 362.864 гласа.
Овој досегашен резултат меѓу гласачите Албанци може да е резултат на незаинтересираноста на гласачите Албанци, но и на отворен повика на партиите за бојкот. Но може да биде и сериозна политичка порака – без албански гласови нема претседател. (Крај)
извор: мкд.мк/А.Д. фото: архива