ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Избори 2024: Во Охрид до 18:30 часот 56,86% излезност на Претседателските и 57,30% на Парламентарните избори

Охрид, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Излезноста во Охрид на Претседателските и Парламентарните избори до 18:30 часот е околу 57,00%, покажуваат резултатите објавени на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК).

На Претседателските избори од вкупно 51.717 во избирачкиот список гласале 29.38 лица на едно од 87 избирачки места, односно 56,86% од избирачкото тело.

На Парламентарните избори од вкупно 51.862 гласачи во избирачкиот список гласале 29.696 лица на едно од 87 избирачки места, односно 57,30% од избирачкото тело.

Во општините Охрид и Дебрца сите избирачки места утрово беа отворени навреме и не се регистрирани неправилности.

Во главниот избирачки список за претстојните претседателски избори во Охрид се запишани вкупно 51.717 избирачи, додека во Дебрца право на глас имат вкупно 3.938 лица.

Во текот на вчерашниот ден правото да гласат го искористија болните и изнемоштени лица, како и лицата кои издржуваат затворска казна.

– Единаесет лица вчера не го искористиле своето гласачко право, од вкупно пријавените 239 избирачи, информираат за Супер радио и OhridPress од Општинската изборна комисија.

Граѓаните своето гласачко право го остварија на 87 избирачки места, од кои на 8 е променета локацијата.

Граѓаните на Република Македонија денеска ќе го дадат својот глас за новиот шеф на државата кој ќе ја води во текот на следните пет години. Во изборната трка се двајца кандидати, кои влегоа во вториот изборен круг. Кандидати за прв човек на Република Македонија се Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата и Гордана Силјановска- Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Во борбата да освојат пратенички мандат во 120-члениот Парламент се 17 кандидатски листи поднесени од партии и коалиции. За парламентарни избори, Република Македонија е поделена на шест изборни единици и од секоја од нив во Собранието влегуваат по 20 пратеници, при што, според таканаречениот Донтов модел, се пресметува која партија колку пратенички места ќе добие. Повеќето од партиите и коалициите за овие избори имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука