Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во гасење на пожарот кај селата Слоештица и Брежани на Илинска Планина се вклучија и „Ер тракторите“

Охрид, 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како што OhridPress утрово информираше, охридските пожарникари денеска интервенираа на две локации на отворен простор.

Според информацијата на охридската територијална противпожарна единица (ТППЕ) се интервенираше на отворен простор на запалена вегетација во селото Плаќе.

Попладнево во гасењето на пожарот на Илинска Планина, на потегот помеѓу селата Слоештица и Брежани се вклучија и два авиони „Ер трактори“, кои постојано полнат вода од Охридско Езеро.

– Активен пожар во Општина Демир Хисар: Илинска Планина помеѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе. Гори ниска вегетација, стои во официјалната информација на Центарот за управување со кризи.

Претходно во текот на денот пожарникарите интервенирале и на дојава за запалено ѓубре на депонијата „Буково“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука