Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од ТППЕ Охрид објавија фотографии од пожарот на Илинска Планина (Фото)

Охрид, 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) објавија фотографии од денешниот пожар на Илинска Планина.

Попладнево во гасењето на пожарот на Илинска Планина, на потегот помеѓу селата Слоештица и Брежани се вклучија и два авиони „Ер трактори“, кои постојано полнеа вода од Охридското Езеро.

– Активен пожар во Општина Демир Хисар: Илинска Планина помеѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе. Гори ниска вегетација, стои во официјалната информација на Центарот за управување со кризи.

Претходно во текот на денот пожарникарите интервенирале и на дојава за запалено ѓубре на депонијата „Буково“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид Пожарна

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука