Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 19. мај 2017

Охрид, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_1631

Охрид во 10 на 19.05.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 19. 05.2017 година

– Околу реконструкцијата на Али Пашината џамија, од Националната институција Завод и Музеј Охрид, велат дека новиот објект ќе биде само обновен, а не и надграден

– Се одржува јавна аукција за продажба на имотот на стечајниот должник „ЕМО“ АД Охрид

– Охридските матуранти танцуваа на квадрилот

– Вечерва матура ќе слават средните училишта „Свети Наум Охридски“ и „Ванчо Питошески“

– Продолжува уништувањето на сообраќајната сигнализација, оштетен сообраќаен знак кај малиот кружен тек во близина на Охридска банка

– Учениците од ОМУ „Методи Патче“ најдобри на Државниот натпревар, освојувајќи бројни први места

Дамјан Пејчиноски и Сара Мејс со уште една нова заедничка песна – „Лажев јас“

Траката на Dj Nasty deluxe и Mathew Brabham на прво место по бројот на преземања на  djshop

– Комплетирана е програмата за годинешното  издание  на Green Beach фестивалот

– Натпреварувачите од „ХВА РАНГ ИТФ“ отпатуваа на Меѓународниот турнир „Љубљана Опен 2017“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука