Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Николоски: Теренот на автопатот Кичево-Охрид, на потегот до Дебрца е проблематичен, сепак делницата ќе биде завршена до крајот на 2026 година

Скопје/Охрид, 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Теренот на автопатот Кичево-Охрид, на потегот до Дебрца е проблематичен, сепак делницата ќе биде завршена до крајот на 2026 година, изјави Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во утринската програма на Тв Сител.

Во изминатиот период со изведувачот Синохидро се воделе интензивни разговори при што било постигнато решение, тие да се откажат од арбитражната постапка и со тоа да се заштедат 50 милиони евра пари од буџетот на државата. Министерот Николоски нагласи дека во однос на техничките решенија со свлечиштата, се најдени две опции за санација на косините и дека со сите наследени проблеми, автопатската делница ќе биде завршена во предвидениот рок.

– Објективниот проблем е со состојбата со теренот на трасата кај што не се гледа, а тоа над Кичево до Дебрца и тука тој терен е многу проблематичен. Седнавме со изведувачот и побарав да прават што ќе прават, да најдат решение и да се заврши. И очегледно таа беше формулата бидејќи во рок од десетина дена со интензивни раговори тие се откажаа од арбитражата каде што Македонија потнецијално ќе изгубеше 50 милиони евра, а тоа за земја како Македонија се многу пари. И втора работа е да се решат проблемите со свлечиштата и косините на еден модерен начин, истакна Николоски.

Тој додаде дека решенијата не се сложени и дека ќе се оди со галерија, а не целосно затворање, односно само со покрив или опција со шипови за стабилизација на косините.

Николоски уште еднаш потенцираше дека до крајот на 2026 година автопатот ќе биде завршен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука