ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

ЦУК: Пожарот на Илинска планина се настојува да се доведе во фаза на локализирање

Скопје/Охрид, 27. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за управување со кризи информираат дека во текот на последното деноноќие се регистрирани 16 пожари, од кои се изгаснати 13, два се се’ уште се активни, а еден е ставен под контрола.

– Под контрола е еден пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реонот помеѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе. Дејствуваа од воздух, два авиотни „Ер трактори на ДЗС, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП Национални шуми, каде што гори ниска вегетација, информираат од ЦУК.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) ноќеска интервенираа на пожар кој избувна на депонијата „Мауцкер“ во близина на Охрид. Утрово пожарот повторно гореше, а истиот по големината можеше да се забележи од повеќе делови на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука